spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Институционализирање на квалитетни сервиси за жени жртви на семејно насилство

Прилеп: Институционализирање на квалитетни сервиси за жени жртви на семејно насилство

Градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јочвески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски вчера во хотелот „Кристал Палас“ присуствуваа на работилницата  на која беа презентирани наодите, заклучоците и препораките за унапредување на системот на заштита и реинтеграција на жени жртви на семејно насилство во Прилеп. Работилницата е во рамките на  проектот „Институционализирање на квалитетни  сервиси за жени жртви на семејно насилство“, финансиран од Националната мрежа против насилство на жените и семејно насилство, поддржан  од Австриската агенција за развој (АДА), а во организација на ЖГИ „Клеа“ од Битола.

На работната средба на која меѓу другото беа презентирани обврските  на Локалната Самоуправа согласно новиот Закон за превенција и заштита на жртвите од семејно насилство присуствуваа и претставници од Центарот за социјални работи, Агенцијата за вработување, претставници од Советот на Општината и од редот на вработените како и претставници од граѓанскиот сектор.

Целта на проектот е идентификување на клучните предизвици, специфичните карактеристики и потреби со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство откако ја донеле одлуката да го напуштат сторителот, но се уште не го сториле тоа, или пак веќе го напуштиле. На работната средба беше истакнато дека преку прибраните податоци ќе се идентификуваат специфичните карактеристики на оваа таргет група и ќе се проценат потребите за институционална помош и поддршка.

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство продолжува интензивно да работи на воспоставување на услуги за реинтеграција на жени жртви на насилство и семејно насилство на локално ниво.

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...