Василево: Градоначалникот Андонов на Седница на ЦРЈИПР

ОпштиниВасилево: Градоначалникот Андонов на Седница на ЦРЈИПР

Најчитано

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  согласно своите законски овластувања, присуствуваше на Првата (Конститутивна) Седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, на која  се верифукувани мандатите на десетте градоначалници од Југоисточниот регион, а избран е и претседател на Советот.

Новиот состав на Советот на ЈИПР е: Блажо Шапов – градоначалник на општина Богданци, Ристо Манчев – градоначалник на општина Босилово, Перо Костадинов – градоначалник на општина Валандово, Славе Андонов – градоначалник на општина Василево,  Андон Сарамандов – градоначалник на општина Гевгелија, Анго Ангов –  градоначалник на општина Дојран, Златко Ристов –  градоначалник на општина Конче, Ѓорѓе Божинов – градоначалник на општина Ново Село, Ацо Ристов – градоначалник на општина Радовиш и  Костадин Костадинов – градоначалник на општина Струмица.

За претседател на Советот избран е градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе