spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Со Центарот за стручно образование и обука започнаа со заедничка соработка

АПЈ: Со Центарот за стручно образование и обука започнаа со заедничка соработка

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, вчера оствари работни средби со директорот на Центарот за стручно образование и обука, г. Шериф Мифтари, и со г. Али Шахини, кои и двајцата се професионални преведувачи во оваа институција, која обезбедува поддршка и развој на стручното образование и на сите субјекти заинтересирани за стручно образование во Република Северна Македонија.
На оваа средба, директорот Села и директорот на Центарот за стручно образование и обука разговараа за примената на Законот за употреба на јазиците во државните институции, додека директорот Села даде поддршка во лекторирање на сите материјали од насоките, наставните планови и програми кои тие ги подготвуваат.
Соговорниците се договорија за понатамошна соработка во иднина меѓу двете институции, со цел на учениците да им се обезбеди најквалитетна програмска настава.
Директорот Села апелира и до сите институции кои имаат потреба од стручно лекторирање на материјалите, кои се од особено значење за јазикот, да бидат испратени во Агенцијата, за да имаме најквалитетни преводи и помалку грешки.

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...