spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЗа опожарените-парична помош и привремено сместување ако е потребно

За опожарените-парична помош и привремено сместување ако е потребно

Веднаш по информацијата за пожар во стан во населбата Бирарија, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пристигна пред зградата каде што се случила несреќата.

Од присутните соседи и од пожарникарите се информираше за повредените лица кои беа евакуирани и пренесени во болница. Се работи за жена кој во била во станот каде што избил пожарот и девојка од станот над неа која вдишала поголема количина на чад.

 

-Се надевам дека се работи за полесни повреди и дека двете жени брзо ќе се опорават, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека ако жената во чиј стан настанал пожарот во моментов нема каде да се смести, ќе и биде обезбедено сместување. Воедно, од страна на Општина Кисела Вода ќе и биде доделена еднократна парична помош.

-За жал вакви немили настани се случуваат, но најважно е да нема човечки жртви и штетата да е што помала. А ние, како локална самоуправа сме тука да излеземе како поддршка во овие први моменти, кога е најтешко-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте