Усвоен Амандманот за финансиски средства од околу 250 милиони денари за Интервентниот фонд во земјоделството

Политички партииВМРО-ДПМНЕУсвоен Амандманот за финансиски средства од околу 250 милиони денари за Интервентниот...

Најчитано

Почитувани,

Една од главните одлики и карактеристики на неработниците и неспособните е китењето со туѓи перја. Токму ова старо народно правило важи и за власта преводена од СДСМ и Зоран Заев.

Имено, на амандманската расправа за Буџетот за 2022 година по неколкучасовна аргументирана дебата и силен притисок од страна на нашите пратеници, беше усвоен Амандманот за обезбедување на финансиски средства во висина од околу 250 милиони денари за Интервентниот фонд во земјоделството.

Овој амандман беше предложен и поднесен од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Но иронијата и апсурдноста да се уште поголеми, сега власта без ни малку срам, заслугите за обезбедување на овие средства си ги препишува на себе.

Наместо да одговорат, зошто 5 години ги лажат и манипулираат земјоделците за овој Интервентен фонд со кој што ќе се помогне на земјоделците, тие сега бесрамно се фалат дека нешто работеле и ќе работат и дека нешто помагале и тек сега ќе помагаат на земјоделците.

Срамно, дрско и неодговорно.

Почитувани,

Колку за потсетување, македонската јавност мора да знае дека оваа власт предводена од СДСМ веќе 5 години постојано го ветува овој Интервентен фонд и помош за земјоделците, но со прст не мрднува за да го исполни ова ветување и конечно да им помогне на земјоделците во тешките моменти. Пет години слушаме лаги и празни ветувања кон земјоделците. Пет години гледаме поигрување со маката на земјоделците. Пет години СДСМ ги потценува земјоделците.

За разлика од СДСМ, ние, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ преку овој амандман, и во опозиција покажуваме и докажуваме дека имаме реформски капацитет и дека можеме да дадеме свој придонес за подобрување на условите и за помош на земјоделците во овие тешки услови во кои што се наоѓаат.

Имено, благодарение на нашата амандманска интервенција, во 2022 година ќе се обезбедат финансиски средства во висина од 4 милиони евра за директно интервенирање во услови на пазарни пореметувања и ценовно порамнување на висината на производната цена со откупната цена за земјоделските производи.

Ова е уште една потврда дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се единствените народни избраници на кои македонскиот земјоделец може да верува и да очекува поддршка и борба за решавање на нивните проблеми и потешкотии, бидејќи очигледно за власта земјоделците се невидлива категорија на граѓани кои не заслужуваат никаква помош.

На крајот, сакаме да упатиме порака до власта предводена од СДСМ, наместо да се занимаваат со евтино политиканство и лажен популизам, конечно да ги засукаат ракавите и да си ги заработат своите огромни плати кои што ги земаат од граѓаните, бидејќи на лагата кратки и се нозете.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе