spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Еко акција за раззеленување на општината

Гази Баба: Еко акција за раззеленување на општината

Вчера во дворот на ООУ Григор Прличев во Железара, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со генералниот директор на Макстил, Иван Бановски ја отпочнаа акцијата за засадување на 130 декоративни дрва. Акцијата ќе се реализира на повеќе локации во општина Гази Баба.

Садниците се донација на компанијата Макстил, која уште еднаш ја докажа својата општествена одговорност.

Овие активности се во насока на реализација на проектот Зелена Општина Гази Баба.

– За мене како градоначалник, унапредувањето и заштитата на животната средина се врвен приоритет. Наша заедничка цел е за четири години од денес, да имаме засадено 500.000 садници.

Ги повикувам сите останати компании на територија на општина Гази Баба да бидат општествено одговорни и да се приклучат на акцијата.  Заедно да ја направиме зелена нашата Гази Баба – истакна на крајот од своето обраќање пред медиумите градоначалникот Стефковски.

 

 

 

 

 

Извор:  Општина Гази Баба

 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...