Општина Кисела Вода го пошумува ридот над Усје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од акцијата за засадување на околу 1200 аризонски чемпреси кои ќе го раззеленат овој дел од Кисела Вода.
-Денес започнавме со садење на дрвца на ридот над игралиштето во Усје. Се работи за површина од 5000м2. Обезбедивме донација од околу 1200 аризонски чемпреси кои најдобро се прилагодуваат на временските услови на нашиот регион. На овој начин ја подобруваме естетиката на овој запуштен простор, но и креираме природен филтер против загадувањето. На жителите на општина Кисела Вода им ветив подобрување на квалитетот на живот во секој негов сегмент, ветив чиста и зелена општина. Денешната акција во населеното место Усје и сите оние кои ќе следат после неа, се знак дека планирам да ги исполнам сите мои дадени ветувања-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Во периодот што следи, предвидени се и други вакви акции за пошумување и зазеленување на општина Кисела Вода.
Извор: Општина Кисела Вода