spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Стојкоски во посета на ООУ „Ѓорче Петров“

Ѓорче Петров: Стојкоски во посета на ООУ „Ѓорче Петров“

 

По повод Светскиот ден на детето, градоначалникот Александар Стојкоски го посети ООУ „Ѓорче Петров“.

Образованието ќе биде еден од главните постулати во програмите за работа на општината, а приоритет во наредните години ќе бидат подобрување на условите во системот.

-Да создадеме амбиент на соживот и почитување на различностите. Дијалогот, а не насилството да биде основ за решавање на проблемите. Децата имаат најголемо право да бидат среќни секој ден, секој со своја желба, соништа и своја страст. Ќе бидам секогаш тука за вас, како најголем пријател и сојузник да ги решаваме прашањата кои ве засегаат – им се обрати Стојкоски на децата.

Вие, додаде, сте идните носители и промотори во развојот на државата.

Градоначалникот во периодот што следува ќе ја засили агендата во однос на посети на шесте централни и две подрачни училишта во Ѓорче Петров.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте