spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Градоначалникот Јакимовски на средба со Германска делегација за нова инвестиција

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на средба со Германска делегација за нова инвестиција

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска оствари средба со Делегација на германското стопанство од Германската комора за индустрија и трговија и Федералното министерство за економија и енергетика на СР Германија.

Претставниците на германската комора на средбата побараа од градоначалникот поддршка за нова инвестиција од областа на здравството на територијата на општина Карпош.  Јакимовски вети дека општината ќе излезе во пресрет да ги обезбеди сите потребни услови за реализација на оваа странска инвестиција која ќе биде во интерес на граѓаните на Карпош, но и на градот Скопје.

Канцеларијата на комората ги застапува интересите на повеќе од 200 германски инвеститори во Македонија.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...