На денешната средба со градоначалниците на Југозападниот и Пелагонискиот плански регион министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со државниот секретар Каја Шукова и стручниот тим на Министерството ги запозна градоначалниците за идните активности за воспоставување на систем за управување со отпад за овие региони.
Фокусот беше не само на информирањето на градоначалниците за статусот на проектот за кој по изработената студија од ЕБРД е добиен позитивен одговор на барањето од Владата за започнување на постапката за добивање на кредит за изградба на системот, туку и да се слушнат нивните мислења, да се обезбеди поддршака на процесот и да се мобилизираат расположивите ресурси заради поголема ефикаснот во имплементацијата.
Градоначалниците изразија подготвеност за соработка, со оглед дека решавањето на проблемот со управување со отпадот е високо поставен во нивните агенди.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање