spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: Државната секретарка Габер на регионална сесија за придонес кон Иднината на...

СЕП: Државната секретарка Габер на регионална сесија за придонес кон Иднината на Европа

Климатските промени и задржувањето на младите дома беа двете теми кои беа дискутирани на вчерашната регионална конференција организирана од Владата на Црна Гора и Германската организација за меѓународна соработка, на кои од име на Секретаријатот за европски прашања се обрати државната секретарка Калинка Габер.

Габер посочи дека предизвиците се кои се соочува секоја земја одделно, се проблеми и на регионот и на ЕУ, поради што треба да се оформи координиран одговор и заеднички акции.

Габер: „Климатските промени се особено индикативни од аспект на тоа дека не познаваат граници ниту статус на членство или перспективи, поради што нé упатуваат на соработка и заедничко справување. Потребен е проактивен пристап од страна на регионот и интегрирање на регионалната димензија во стратешкиот одговор на овие предизвици, како и афирмирање на соработката на патот кон Европската Унија.“

Дискусијата заврши со формулирање заклучоци како придонес кон тековната дебата во рамки на Конференцијата за иднината на Европа.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...