spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески

Охрид: Средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Азески

Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески. На средбата претседателот Азески му го честиташе изборот за нов градоначалник на Охрид и му посака успех во неговата работа.

Се разговараше и за прашањата поврзани со децентрализацијата, потенцијалите за заеднички проектни активности во рамки на програмите на ЕУ, Коморскиот инвестициски форум и другите меѓународни организации. Охрид, како најголем туристички центар има одлична соработка со здружението на угостителството и туризмот при СКСМ и затоа ќе се вложат дополнителни напори за продлабочување на соработката во оваа област. Туризмот, во заложбите на Комората, има приоритетно место во добивањето на статус на извозно-ориентирана дејност, со што конкретно ќе се смени и односот на државата кон гранка која има потенцијал да направи раст.

Во тој контекст, посебно се разговараше за здравствениот, алтернативниот и спортскиот туризам коишто не можат да достигнат повисоко ниво, доколку не дојде до брза реализација на инфраструктурните проекти, како што е завршувањето на изградбата на автопатското решение Кичево- Охрид и меѓународниот магистрален пат Охрид- албанска граница.

Здравствениот туризам, како тема за која Охрид можеше да биде горд во седумесеттите години на минатиот век, со неколку специјализирани болници, сконцентрирани на едно место, е нешто на кое треба да се работи во наредниот период, затоа што тоа реално може да придонесе за повеќекратни ефекти, и од здравствен и од економски аспект – заклучија Азески и Пецаков.

Во рамки на постојаните залагања за афирмирање на занаетите и унапредување на практичните знаења и активности во рамки на средното стручно образование кај нас, претседателот Азески потсети на иницијативата за афирмирање на длабокорезбарската школа во Охрид, која за градот може да донесе дополнителен економски бенефит, а истовремено да биде и значајна туристичка атракција.

На средбата се разговараше и за можностите за привлекување нови странски инвестиции во регионот, како и одржување на постојните, во насока на поголема економска активност и поголем број нови вработувања.

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...