spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
Home@дминистрацијаМИОА: Меѓуинституционална соработка, наш принцип на работа

МИОА: Меѓуинституционална соработка, наш принцип на работа

„Денеска ја имав честа да го примам на пријателска работна средба новоизбраниот градоначалник на Општина Арачиново, г-дин Ридван Ибраими.

Ја искористив оваа прилика да му честитам на г-дин Ибраими за неговата нова задача и ја изразив мојата подготвеност и на институцијата што ја раководам, за остварување различни соработки во иднина, на полето на дигитализацијата.

Системот за управување со документи (DMS) и Една точка за услуги се остварливи проекти во рамките на овој мандат, кои директно ги поврзуваат овие две институции.

Дигитализацијата на услугите што ги дава Општина Арачиново беше друга тема на разговор. Ќе ја зголемиме нашата комуникација во врска со ова тема, со цел жителите на Арачиново да можат да ги добијат потребните услуги, онлајн, од порталот за е-услуги (uslugi.gov.mk), во најкус можен рок.

Средбата ја затворивме со ветување за уште подлабока меѓуинституционална комуникација и соработка во иднина“, рече министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...