spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Политички консултации со Грузија

МНР: Политички консултации со Грузија

Во Министерството за надворешни работи на Грузија, се одржаа возвратни политички консултации, предводени од Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Фатмире Исаки и Заменик министерот за надворешни работи на Грузија, Теимураз Јанјалиа.

 

На овие консултации, во отворена и пријателска атмосфера беа разгледани прашања од билатералните односи во сите области од заемен интерес со посебен акцент на економската и парламентарната соработка но и соработката во областа на културата и образованието како и во рамки на меѓународните организации.

Делегациите разменија мислења и за внатрешно-политичките состојби и евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија и Грузија, но беа адресирани и прашања од регионалната соработка како и актуелни теми од меѓународните односи.

Обострано беше изразено задоволство од досегашниот позитивен развој на пријателските односи меѓу двете земји по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019г. при што беше нагласен интересот за продлабочување на соработката и потенцирана заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог.

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте