spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМицкоски оствари средба со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција

Мицкоски оствари средба со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција

Денес (9 декември, 2021 година) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николoски оствари средба со Сирил Бомгартнер, амбасадор на Република Франција.

При средбата се отворија повеќе теми, при што се говореше и за актуелната политичка состојба во Република Македонија и за интеграциите на државата во ЕУ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на економските предизвици при што укажа загриженост и за енергетската криза чии последици се од неадекватното управување на политиките, а тоа го чувствуваат граѓаните на својот грб.

При средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека актуелната влада нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните. А, со тоа се наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од актуелната криза.

Државата не смее да стане заложник на лошите политики на власта и притоа да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и жртва на спорот со Бугарија создаден во време на владата на Зоран Заев, додаде Мицкоски.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...