spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСе потфрлило со работата на претходната администрација, буџетот бил само збир на...

Се потфрлило со работата на претходната администрација, буџетот бил само збир на желби кои воопшто не се реализирале

Советникот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во неговото прво излагање на 2 седница на Град Скопје истакна дека се потфрлило во работата на претходната администрација на градот, како и нагласи дека постои слаба реализација на проекти а постојат и неколку ставки од извештајот каде што воопшто не се предвидени средства за проектирање на вистински решенија за граѓаните.

„Што се однесува до извештајот за извршување на буџетот на град Скопје, се наоѓаме во деликатна ситуација да дискутираме извештај на градска администрација која повеќе не е во функција односно предводникот на таа градска администрација граѓаните на избори му кажале што мислат за неговата работа но од овој извештај се гледа дека очигледно се потфрлило во работата и во суштина за потфрлувањето и реализацијата главниот збор го имаа граѓаните“, истакна Андоновски.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски истакна и дека во изминатиот девет месечен период воопшто не се трошело за проектирање на вистински решенија за граѓаните.

„Само 28,8 проценти имаме учество во буџетот во капитални расходи во планираниот дел но тие се реализирани само 45,7 проценти од кои 18 милиони денари во ставката за набавка на возила кои можам да забележам дека ги гледавме и во ноќните часови како се движат низ Дебар Маало службени возила на градот Скопје и на градските претпријатија под градот Скопје. Таа идеа за приватни потреби се надевам дека е надмината со доаѓањето на Данела Арсовска. Вториот дел е дека на проектирање не  се трошело воопшто во изминатиот девет месечен период, односно овој буџет бил само збир на желби но не се трошеле средства на проектирање на вистински решенија на граѓаните“, нагласи Андоновски.

Андоновски додаде дека буџетот во изминатиот период бил само збир на желби кои не се реализирале.

„Има неколку ставки каде што воопшто не се утврдени средства за проектирање на нови проекти. Збир на желби за проекти имаме на пример кај реконструкција на скејт парк, изградба на вежбални, библиотека во општината Чаир, реконструкција на улицата Васко Карангелевски  во општина Аеродром, раскрсница на Скупи  и 8 ми Септември  што е интересно затоа што најавите од локалната администрација беа дека само што не почнале сега веднаш да се градат“, истакна Андоновски.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...