Вчера министерот за информатичко општество и администрација, г. Јетон Шаќири беше дел од работилницата „Дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција во Западен Балкан“, чија цел е да го истражи влијанието на дигиталните технологии, податоците и вештачката интелигенција врз нашите општества.
Во својот говор министерот Шаќири рече: „Министерството за информатичко општество и администрација е главниот субјект во креирањето на политиките за е-влада и ги води напорите за дигитална трансформација на општеството, во согласност со директивите и политиките на ЕУ. Платформата за интероперабилност, Централниот регистар на население и Националниот портал за електронски услуги се едни од најважните достигнувања.
МИОА го заврши процесот на консултации со сите засегнати страни и доби коментари за националната ИКТ стратегија, која е во фаза на адаптација. Со ова, сите засегнати страни ќе можат кохерентно да работат на патоказот за дигитализација, со кохерентни чекори и акциски план“, рече меѓу другото Шаќири.
Министерот Шаќири додаде: „Во текот на оваа година што ја оставаме зад нас, постигнавме многу резултати, како што е зголемувањето на бројот на електронски услуги, 40 услуги во Националниот портал за електронски услуги и 136 други се во процес на развој. Фокусот во 2022 година ќе биде дигитализација на што повеќе услуги во земјоделството. Моментално Системот за управување со документи го користат 20 институции, а во овој систем се очекува да бидат вклучени уште 200 институции, со што нашата државна администрација ќе функционира целосно без хартија.
Се надевам дека оваа работилница ќе биде корисна за сите учесници. Заедно и со кохерентна работа, нашата земја ќе оди напред и ќе се подобрува нашиот животен стандард“, го заврши својот говор, министерот Шаќири.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација