Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари поздравна средба со амбасадорот на Чешка Република во Северна Македонија, Н.Е. Мирослав Томан. На средбата беше изразено задоволство од досегашниот позитивен развој на билатералната соработка од областа на животната средина, како и интересот за продлабочување на истата со потенцирана заложба за соработка во областа на заштита на природата.
Во рамки на активностите за заштита на природните вредности, како една од клучните приоритети на МЖСПП, а со тоа и огромниот потенцијал за заштита, се иницираше заедничка активност за одбележување на планинарските патеки на Шар Планина, што со неодамнешното прогласување е најмлад нацонален парк во државата.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање