spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени угостителски објекти, пропуштање лица...

МВР: Акција на МВР, УЈП и ДПИ: Затворени угостителски објекти, пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални сметки

На 11.12.2021 околу 01.00 часот во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти (дискотеки и ноќни клубови) за кои имаше сознанија дека во нивното работење има нерегуларности, како неиздавање на фискални сметки, пропуштање на лица без сертификат за вакцинација, непочитување на протоколите за справувaње со ковид 19, присуство на малолетни лица во објектите, непоседување лиценци за лица од обезбедувањето…

Од извршената контрола е констатирано следното:
Во угостителски објект на ул.Јордан Мијалков при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки. Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација , при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект кај нова железничка станица при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет за што ќе им биде изречена парична глоба. Од страна на ДПИ беше констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози .а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект лоциран на ул.Анастас Митрев при извршената контрола од страна на УЈП беа констатирани повеќе нерегуларности односно евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки. Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект на ул.8 септември при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен .

Во угостителски објект на ул.Св.Климент Охридски при извршената контрола од страна на УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки . Од страна на полицијата утврдено е дека 10 лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

ДКСК: Средба со претставници на Советот на Европа

0
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците...