spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„Непристојно, но и опасно за стабилноста на регионот е одложувањето на пристапните...

„Непристојно, но и опасно за стабилноста на регионот е одложувањето на пристапните преговори”

Првиот ден од работната посета на Сојузна Република Германија, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров го започна со средба со Мартин Шулц, актуелен претседател на Фондацијата Фридрих Еберт, инаку поранешен претседател на Европскиот парламент.

Вицепремиерот Димитров информираше за последните политички случувања во Северна Македонија со акцент на европското портфолио, а се разговараше и за состојбите во регионот во контекст на евроинтеграциите.

Димитров: „Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот. Вложивме сериозен политички капитал врз основа на европското ветување, време е вниманието и енергијата да ги насочиме кон процесот на европеизација и исполнување на очекувањата на граѓаните.

Ако ЕУ конечно ја поддржи македонската приказна и огромниот влог на ова прашање што се пресликува во целиот регион, тогаш Унијата ќе покаже дека е сила што влече за добро.“ 

Претседателот Шулц ја нагласи важноста на Преспанскиот договор во контекст на одговорноста за обезбедување мир и стабилност на регионот и пошироко, заедно со очигледниот демократски напредок што Северна Македонија го постигна во последните години и приближувањето кон споделените вредности.

Според него, натамошното одложување на почетокот на пристапните преговори со ЕУ поради блокадата од Бугарија е непристојно и опасно за стабилноста на регионот и европската визија, при што поддршката за ова прашање ќе биде и понатаму манифестирана преку активностите на Фондацијата и неговиот личен ангажман.

На овие теми се разговараше и во германското МНР на средбата со Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР и Сузане Шуц, директорка во министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, на кои вицепремиерот Димитров им ги пренесе очекувањата Германија и понатаму да остане проактивна кон остварување на заеднички утврдената стратешка цел и ги информираше за ажурираниот статус на реформскиот процес во рамки на „Агенда: Европа дома“.

Димитров: „Почетокот на пристапните преговори ќе претставува валидација на напредокот на Северна Македонија, постигнат со голема помош и поддршка од нашите германски пријатели кои принципиелно го застапуваат она што е вистински „европско“ во интегративниот процес.

Стартот на преговорите ќе го даде неопходниот поттик на реформскиот процес, а истовремено ќе го обнови импулсот за политиката на проширување на ЕУ.“

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...