Доктрината која се донесе на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ става акцент на економскиот развој, на образованието, на здравството, дигитализацијата, европските интеграции, но и на сите сегменти кои не функционираат во Македонија, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип за вестите на Алфа Телевизија.
Тој истакна дека посебен акцент се става на европските интеграции, односно тоа што е определба на ВМРО-ДПМНЕ, односно приближување на вредностите кон европскиот систем, реформирање на законите и ниво имплементирање, за да може истото тука да профункционира.
– Да ги следиме европските текови, за можеме во пракса да станеме дел од ЕУ, нешто што е наша програмска определба, Како државотворна партија и како партија којашто е најголем генератор на јавни политики очекуваме во следниот период да ја партиципираме власта и практично преку оваа Доктрина да дадеме вредност во општествениот систем во Македонија и да креираме развој, рече Јорданов.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која долгорочно работи на реформите кои се неопходни за да се креира развојот.
– Во здравството и образованието знаете дека состојбата не е на посакувано ниво и тука ни се потребни суштински промени и реформи. Но исто така потребни се реформи во економското дејствување, потребни се инвестиции и можности граѓаните да останат да егзистираат да работат во Македонија и да го стопираме иселувањето на младите кадри, изјави Јорданов.
Извор: ВМРО ДПМНЕ