spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНашата битка мора да стане и сеопштествена битка за принципи и вредности

Нашата битка мора да стане и сеопштествена битка за принципи и вредности

Пред да продолжам да говорам за иднината и она што во куси црти го нудам како перспектива и програма за работа, бидејќи сум многу искрен човек сакам отворено да зборувам и за она што може да се припише како моја слабост или грешка. Често ќе споменат дека сум премногу млак, недоволно жесток како и тоа дека им давам премногу шанси на луѓето. Ги слушам и оние кои велат ете го професорот во него, а забораваат дека од другата страна имаме пазарџија од Горни Милановац, кој ненормалното го прикажува за нормално. И ако тие така се однесуваат не значи дека моето однесување и желбата да штитам морал во политиката е грешка. Не велам ниту дека сум најискусниот во политиката, но тоа нема никаква врска со моите искрени намери да ги менуваме работите кои на луѓето им се важни. А оние кои велат дека сум млак и премногу професор во политиката, тоа е само затоа што предолго нашата средина беше контаминирана од личности кои во политиката наметнаа стандарди на искривени вредности за тоа што е правилно, а што не. Сетете се пред малку кога ви говорев дека политиката станува крволочна арена каде не постои светост, ниту се води сметка за чувствата на најблиските околу нас, е тоа е сликата која јас сакам да се смени, и извитопереноста да не стане стандард на делувањето. Верувам во нешто што се вика етика, џентлменство и манири. Затоа што тоа се работи кои се темелат на вредности. И само така можеме да го пресушиме политичкото блато во кое нè ставија овие луѓе.

Ако за нешто сметам дека сум пропуштил да го направам во изминатиов период тоа е што можеби не се отворивме доволно кон луѓето кои сакаат да ни се приклучат и да ги мобилизираме, затоа што нашата битка мора да стане и сеопштествена битка за принципи и вредности.

И затоа каков и да е исходот од овој Конгрес, како и да гласате, сакам да ви кажам дека јас сум ви благодарен, благодарен што имам ваква можност да говорам овде пред вас, да ве повикам заедно да работиме и да се бориме за подобро во нашата држава.

Звучи можеби понизно, но така чувствувам, и не се срамам од тоа.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...