spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСе изнаслушав лаги и навреди за мене, но решив да се борам...

Се изнаслушав лаги и навреди за мене, но решив да се борам за луѓето кои веруваат во мене и моите принципи

Зад секоја невистина испратена во медиумите, зад секоја брутална лага кажана за мене или навреда упатена кон мене, знаев дека моите мајка и татко кои веќе се во поодминати години вознемирено ја доживуваат и иако го криеја тоа од мене, знам и за непроспиените ноќи поради невистините раскажани за мене. Зад секој навредлив епитет кој ми го даваа напишан на порталите седеше лицето на мојот син Јован кој вознемирено читајќи и не можејќи да ја разбере омразата истурена врз мене, ми вика, тато дали вреди сево ова?Зошто животот ни се смени и зошто толку навреди врз тебе?

И ова не го кажувам за да покажам некаква слабост, затоа што сосема свесно се нафатив на оваа моја улога. Но сакам само да потенцирам и за фактот дека секогаш кога се дава некакво обвинување треба да се внимава на вистината, на можноста да повредите нечие семејство, син или ќерка, и фактот дека не смее оваа битка да се сведе на крволочна арена и секој збор мора да биде одмерен и прецизен.

Јас тогаш за прв пат станав вистински свесен дека морам да се борам и за луѓето кои веруваат во мене во сите бури и премрежја, и дека мојата жртва за продолжување понатаму со борбата е безначајна во однос на нивните жртви и верба во мене. И не смеам да ги разочарам. Затоа решив да се борам, а кој ако не ние, и кога ако не сега.

Дојде и резултатот на локалните избори, кои беа своевиден референдум. Фуриозна и историска победа на ВМРО-ДПМНЕ и на која било политичка партија од позиција на опозиција на кои било локални избори во независна Македонија. Победа каде настапи обединето ВМРО, 42 општини плус градот Скопје и коалиција уште во неколку други, значи обврска и наш залог да работиме уште попосветено и понапорно.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...