Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2020/2021 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 52.4 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 83.5 % во однос на периодот 2019/2020 година.
Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 77.
Во периодот 2020/2021 година, во однос на периодот 2019/2020 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 61.0 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 89.6 %. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 42.9 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 74.8 %.
Во периодот 2020/2021 година, во однос на периодот 2019/2020 година, бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата се намалени.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2020/2021 година, во споредба со 2019/2020 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.
Извор: Државен завод за статистика