spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиПотпишан Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните

Потпишан Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните

Во просториите на Синдикатот на УПОЗ на 14.12.2021 година се потпиша Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните со кој се унапредија правата на вработените од работен однос.

На 14.12.2021 година, Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Центарот за образование на возрасните, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Ирена Милков од една страна и Директорката на Центарот за образование на возрасните Аделина Алији го потпишаа Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните.

 

Овој колективен договор е мошне значаен за Синдикатот на УПОЗ, со оглед на фактот што синдикалната организација при Центарот за образование на возрасните, е нова синдикална организација која се приклучи кон Синдикатот на УПОЗ. Како прва значајна активност која ја имаше оваа организација е подготовката и потпишувањето на Колективниот договор за вработените во Центарот за образование на возрасните со кој се унапредија правата од работен однос на вработените во центарот.

Во наредниот период, ќе продолжат активностите на Синдикатот на УПОЗ за унапредување на правата од работен однос.

 

 

 

Извор: УПОЗ

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...