Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски е покровител на голема хуманитарна акција “Биди општествено одговорен – ДОНИРАЈ.
Во акцијата се очекува да се поделат 500 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства од општина Гази Баба. Во акцијата досега се приклучија фирмите: Макстил, Либерти Скопје, Пивара Скопје, Мак Аутостар и Виталиа, со кои денес беше потпишан меморандум за соработка.
– Им благодарам на компаниите кои го покажаа својот општествено одговорен карактер и се приклучија на Акцијата. Како општина и понатаму ќе се грижиме за нашите сограѓани и ќе даваме поддршка на сите категории на граѓани, особено на семејствата од социјален ризик.
Хуманоста е чин во кој помагаме на оние на кои им е потребна помош. Хуманоста и солидарноста се одлика за општина Гази Баба, истакна градоначалникот Стефковски во своето обраќање.
Извор: Општина Гази Баба