„Среќна и безбедна 2022 година во семејно и пријателско дружење“ е кампањата што ја започна Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Општина Кисела Вода и ОБСЕ, со цел да се подигне свеста за последиците од користењето на пиротехничките средства.
Претставници од СВР и од Кисела Вода, денес ги посетија учениците од ООУ “Партенија Зографски”, каде преку едукативно предавање, ги запознаа со законските одредби, со опасностите, но и последиците од користењето на петардите и другите пиротехнички средства.
Децата добија летоци и пригодни подароци кои содржеа пораки за безбедно однесување. Воедно, апелот е упатен и до родителите кои треба да работат со своите деца и да им укажат на опасноста и последиците од користењето на петардите, кои се чест декор за време на Новогодишните празници.
Превентивните активности ќе продолжат и во наредниот период.
Извор: Општина Кисела Вода