Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 14.9 %, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 2.9 %.
Во ноември 2021 година, во споредба со ноември 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 115.5, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 106.0. Во делот аутпут, во ноември 2021 година, во споредба со ноември 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.4, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.1.
Прочитајте и дознајте:
Извор: Државен завод за статистика