spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Маричиќ - Законските измени ги носиме низ демократски и инклузивен процес

МП: Маричиќ – Законските измени ги носиме низ демократски и инклузивен процес

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествуваше на јавната расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите по предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, на која ја истакна важноста од усогласувањето на домашната правна рамка со Истанбулската конвенција и вистинската примена на овој значаен меѓународен документ за борбата со насилството врз жените.

 -Процесот на изготвување на законските измени за кои денес јавно дебатираме, беше максимално инклузивен и во него беа вклучени  судии и јавни обвинители кои во пракса го применуваат овој закон, како и правни експерти и граѓанските организации. Земени предвид беа и препораките на релевантните тела на Обединетите нации, а пред се Комитетот за елиминација на дискриминација спрема жената, но и бројни компаративни искуства и извештаи од надлежниот комитет во рамките на Советот на Европа за следење на спроведувањето на Истанбулската конвенција- ГРЕВИО за евалуација на одредени држави – рече Маричиќ.

 

Според министерот за правда со ратификувањето на Конвенција, земјава демонстрираше вистинска и искрена политичка волја да се справи со насилството врз жените. Тоа се прави почитувајќи го најефективниот европски договор со кој може да се превенира насилството врз жените. Дополнително, овие измени и дополнувања кои сега ги носат, а се однесуваат на усогласување на Казнениот законик со Истанбулската конвенција, се испраќа порака дека Владата работи на исполнување на конкретните и задолжителни обврски за заштита на жените од насилство, преку воведување и примена на холистички пристап во имплементирање на истите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте