spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Вложувањата во науката треба да се темелат на приоритети, со Стратегијата...

МОН: Вложувањата во науката треба да се темелат на приоритети, со Стратегијата за паметна специјализација се овозможува реална економска визија

Очекувањата на државата од Стратегијата за паметна специјализација се многу големи. Таа не е важна само за оваа или за наредната влада, туку е важна за развојот на државата, кој мора да се потпре на стратешки приоритети, заеднички утврдени меѓу компаниите, високообразовните институции, министерствата, научната заедница и невладиниот сектор.

Ова го рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето кон работната група за развој на Стратегијата за паметна специјализација, на работниот состанок во Владата на Република Северна Македонија.

„Само преку утврдувањето на стратешките приоритети можеме да искреираме реална економска визија којашто понатаму ќе резултира со економски раст и развој. Без ваков стратешки документ државата не може да донесе заклучок на што треба да се фокусира во вложувањата во науката“, нагласи Царовска.

 

Следна фаза на процесот на дефинирање на областите за паметна специјализација е процесот на претприемничко откривање, што ќе се одвива преку интерсекторски и интеринституционален дијалог.

Заменик претседателот на Владата Фатмир Битиќи, укажа дека втората фаза е најважниот чекор, со кој преку активна соработка и учество на сите чинители, во серијата состаноци на специфичните работни групи по области, кои треба да се одржуваат почнувајќи од јануари 2022, ќе успееме да ги дефинираме секторите со најмногу потенцијал за истражувања, иновации и развој.

„Заложбите на Владата се нашата економија да се развива, да се трансформира и унапредува, да се дигитализира, и за таа цел ние веќе вложуваме во различни програми за поддршка, како што е се и многубројните инструменти на Фондот за иновација и технолошки развој со кои успеавме да поддржиме над 780 проекти, сериозно охрабрувајќи ја старт-ап заедницата во нашата земја, а со тоа и целосната иновација во земјата. Развојот на стратегијата ќе ни овозможи уште повеќе да ги унапредиме сите националните програми за подршка, но и да учествуваме во програмите на ЕУ на поефикасен начин“, рече заменик-претседателот Битиќи.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на членовите на работната група им посака успешна работа, додавајќи дека севкупните очекувања од Стратегија се да најде практична примена во економската трансформација на земјата, која треба да е базирана на знаења, но и на истражувања и иновации кои се база за економски раст и развој.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте