spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаAсани: „Славија“ беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа e...

Aсани: „Славија“ беше распродавана на парче од владата на ВМРО-ДПМНЕ, затоа e обезвреднета, а тој што ќе ја купи ги презема и милионските долгови

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција како реакција на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“.

Директорот Асани нагласи дека неговата прес-конференција има за цел да ги разобличи сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.

 

Ви го пренесуваме обраќањето на директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани во целост:

На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се изнесени повеќе невистини и неточни информации во врска со најавената продажба на акциите на АД „Славија“.

Тука сум да ги разобличам сите дезинформации, во име на вистината, и во име на она што е реалност и секако наспроти партиските манипулации.

Затоа, ви ги презентираме фактите со кои јавноста ќе ја добие целосната и вистинска слика она што претходната власт остави од некогашниот гигант „Славија“ и за неопходноста за изнесување на акциите на продажба на берза што произлегува од законската обврска на која упатуваат и укажувањата на надворешната независна ревизија за работењето на компанијата.

Но да одиме со ред:

ВМРО-ДПМНЕ вели дека вредноста на компанијата изнесува над 20 милиони евра.

Тоа не е точно, а оваа бројка за вредноста на АД „Славија“ е од 2012 година кога токму тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја најави продажбата на компанијата на прес-конференцијата на тогашниот портпарол, на 23 ноември 2012 година.

Еве во рака ја имам таа прес-конференција од 2012 година, објавена на веб-страната на Владата (https://vlada.mk/node/5106).

Она што денес не го кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ е дека вредноста на компанијата денеска е далеку помала заради фактот што во меѓувреме, во периодот од 2012 до 2017 година, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче и тајно, по цени далеку пониски од неговата вредност.

За да ја изведат на тој начин продажбата на АД „Славија“, наместо да ја понудат на продажба со акциите на берзата, имотот на АД „Славија“ е распродаван на парче, зад затворени врати.

На тој начин по за државата неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на „Славија“, во Скопје и низ целата држава. Чисто за илустрација, голем дел од тие ексклузивни локации и дуќани денес се во сопствеништво на компанијата „Тинекс“, како и на други приватни компании.

Според тоа, цената на АД „Славија“ денес воопшто не е нешто над 20 милиони евра, како што рекоа на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку многу пониска, а причината е тоа што токму владата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2012 до 2017 ја распродаде „Славија“ на парче.

Денеска имотот на АД „Славија“ се состои од имотот што го претставува управната зграда како и магацините и земјиштето во Кисела Вода. Но вредноста на акцијата ја дефинираат и долговите на претпријатието кои се бројат во милиони евра, а самата претходна влада во 2012 година пријавила долг за „Славија“ од дури 17 милиони евра. Сумарно, вредноста на „Славија“ денес е повеќекратно пониска поради тоа што беше распродавана на парче и остана без многу од својот имот и поради наследените долгови.

На овој начин е распродадено повеќе од 70% од имотот на АД „Славија“.

Што се однесува до акциите на АД „Славија“, нивната вредност произлегува од капиталот што стои зад нив, а тоа е имотот што го спомнав претходно. Порано акцијата на „Славија“ со целиот имот позади вредеше едно, а денес така распродадена и без капитал, цената на акцијата вреди многу помалку. Но, цената на акцијата не ја утврдува ниту Управата ниту самото претпријатие.

Дополнително од продажбата на АД „Славија“ ќе бидат подмирени долговите кон вработените и кон доверителите.

За крај би го повикал лидерот да се пријави да ја купи АД „Славија“ на претстојната продажба, вклучително со долговите на компанијата што ги направи токму неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до соопштение на Влада од 2012 година

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Пехчево: Донација на две маси за играње на пинг – понг

0
Општина Пехчево преку Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, обезбеди донација на две маси за играње на пинг – понг.      Со што се...