Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумарство и ловство ги известува концесионерите на дивечот во ловиштата дека на ден 16.12.2021 година во Службен весник на Република Северна Македонија бр.283/21 е објавен Законот за дополнување на Законот за ловството.
Се известуваат концесионерите на дивечот на ловиштата кои пред 01.02.2021 година имаат склучено важечки договор за концесија на дивечот во ловиштето, може во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да поднесат барање за склучување на Анекс на договорот за концесија на дивеч во ловиштето за продолжување на периодот на концесија во времетраење од една година.
Кон барањето се доставува копија од важечки договор за концесија на дивеч на ловиште склучен пред 01.02.2021 година и доказ за платен концесиски надоместок до денот на поднесување на барањето кој е достасан за наплата согласно договорот за коцесија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето за склучување на анекс на договор со доказите, склучува Анекс на договор на договорот за концесија на дивеч на ловиште со кој се продолжува периодот на концесија на дивечот во ловиштето за кој се склучен договорот за една година без обврска за плаќање на надоместок за концесија за периодот за кој се продолжува концесијата.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство