spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиЧас поскоро да се синдикализираат сите што соработуваат со Германските компании

Час поскоро да се синдикализираат сите што соработуваат со Германските компании

Додека нашите колеги од синдикатите прават напори да остварат барем контакт во индустриските зони каде што работат компании со германски капитал или пак компании кои што соработуваат со германски компании и се задушуваше секаква синдикална активност, со помош на нашите колеги од германските синдикати остварен е значаен успех и тоа во Германија.

Македонските компании кои извезуваат во Германија, но се и нивни добавувачи овде, да се подготвуват кон новиот Закон за добавувачи, за да не останат без работа. Од 1 јануари во Германија стапува на сила Законот, кој предвидува исполнување на строги правила и стандарди, пред се, за заштита на животната средина и целосно почитување на работничките и човекови права. Фирмите кои нема да ги следат правилата, ќе ги изгубат нарачките.

Целосно почитување на работничките и човековите права значи и почитување на правото на синдикално организирање на работниците, правото на уредување на правата со колективни договори итн.

До сега синдикатите тропаа на вратите на овие компании, а очигледно во нареден период истите менаџери кои го попречуваа синдикалното движење ќе почнат да тропаат на вратата на Синдикатот.

 

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...