На 24 – ти Ноември 2021, Сојузот на синдикатите на Македонија организираше завршна конференција за активноста ПРАВНА ЗАШТИТА – СИГУРНОСТ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА за подигнување на свесноста кај работниците и зајакнување на капацитетите на ССМ, со поддршка од Проектот: Strengthening Social Dialogue/Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, Сојузот на синдикатите на Македонија.
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски истакна дека се работи за проект реализиран од ССМ со помош на Меѓународната организација на труд и Европската Комисија кои се наши долгогодишни поддржувачи и промотори на нашата работа и посветеност. Резултатите од проектот со сигурност покажуваат дека целта е постигната, односно во ССМ се овозможи поголема и поефикасна достапност за навремено, стручно и превентивно делување при заштитата и унапредување на работничките права.
Воедно беше обезбедена сериозна техничка поддршка за опрема на регионалните синдикални претставништва и канцеларии на ССМ, за да може членството и работниците да обезбедат правна и синдикална помош во своето место на живеење и работење.
Дигитализација и прилагодување на работењето на ССМ до членството , работниците ,граѓаните , а посебно до младите, се покажа како неопходна потреба пред се во услови на Ковид криза . Во рамките на проектот со помош на нашите поддржувачи ( МОТ и Европската комисија) успеавме да креираме дигитална алатка преку која работниците можат брзо,ефикасно и навремено да пријават прекршување на работничките права.
Електронската алатка за пријавување на прекршени работнички права ,беше промовирана на дирекни средби со членството , работниците и граѓаните во Велес,Штип,Кавадарци, Стримица, Куманово и Скопје, како и преку веб страната на ССМ и електронските медиуми.
Првата бесплатна мобилна апликација: ССМ- Мои работнички права , на работниците и граѓаните им овозможува преку користење на своите мобилни телефони да пријават прекршување на работничките права до Сојузот на синдикатите на Македонија . Преку апликацијата работниците можат да пријавуваат прекршено право за себе или за друго лице, а апликацијата овозможува и анонимно пријавување или можност работниците да обезбедат директна комуникација со претставници на ССМ и да добијат совет или одговор на нивните прашања за правата од работен однос.
Во рамките на проектот организирани беа две обуки (во Охрид ) наменети за правни застапници,синдикални претставници и синдикални раководства , а се однесуваа на правата од работен однос и улогата и значењето на правната заштита како најдиректен и најконкретен начин на делување на ССМ за остварувањето , заштитата и унапредувањето на работничките права.
Во насока на информирање и подигање на јавната свест за улогата и значењето на синдикалното организирање ,во рамките на проектот, беа изработени и видеа за промовирање на улогата на ССМ во заштитата на работничките права, како и видеа во кои работници зборуваа за своите лични искуства на остварени работнички права преку дирекно ангажирање на ССМ.
Практиката покажа дека направивме вистински потег , работниците , а особено младите масовно ја прифатија алатката и таа за кратко време ја покажа својата ефикасност . Па така од воспоставување на електронскиот пристап за пријави на прекршување на работнички права , за периодот од 23 април 2021 година, обезбедена е правна заштита за над 3000 работници по поднесени 95 пријави преку апликацијата ССМ – мои работнички права.
Координацијата и заедничката соработка на ССМ и ДИТ овозможи брзо и ефикасно постапување на ДИТ во врска со поднесените пријави , како и брзо и ефикасно добивање на повратен одговор од постапувањето на ДИТ .
Во таа насока на 23.4.2021 г потпишан е Меморандумот за соработка кој има за цел унапредување на соработката помеѓу Државниот инспекторат за труд и Сојузот на синдикатите на Македонија, во насока на зголемување на ефикасноста во остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права.
Ефектите и резултатите од работењето не охрабрија да направиме истражувања за подобрување на можностите и надградување на електронската апликација за постигнување на уште поголеми резултати и ефикасност , што ќе биде наш приоритет во наредниот период.
Постигнатите резултати уште еднаш ја потврдија важноста од заеднички и координирани активности на сите заинтересирани страни , во случајот , синдикатите,ДИТ , работодавачите , како и значењето на поддршката од МОТ и Европската канцаларија .
На завршната конференција беше извршена презентација на ИТ алатка СИНДИ – е советник за работнички права, Презентација на апликација ССМ – мои работнички права како и презентаирани беа Работничка сторија 1 ( видео презентација, сведоштво) и Работничка сторија 2 ( видео презентација, сведоштво).