spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна...

Делчево: Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија

Градоначалникот Трајковски ја потпиша Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на Локалната самоуправа, со што Општина Делчево дава поддршка на иницијативата за поголема отвореност и транспарентност на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Иницијативата е подготвена од Фондација Метаморфозис во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и е во корелација со досегашната политика на Општината за подобрување на транспарентноста и отчетностакако алатка за борба против корупцијата и градење доверба кај граѓаните.

Со потпишувањето на Декларацијата, Општина Делчево се обврзува да ги следи и почитува начелата и принципите изнесени детално во Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа во Северна Македонија. Дополнително, континуирано ќе се работи на подобрување на своите политики на транспарентност и вклученост на граѓаните во процесите на донесување одлуки.  Отвореноста претставува клучен услов за демократија, која им дозволува на граѓаните да добиваат информации и знаење, неопходни за еднакво учество во политичкиот живот, ефективно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што се спроведуваат.

Декларацијата опфаќа 6 клучни принципи: транспарентност, достапност, интегритет, ефективност, принцип на континуирано унапредување на транспарентноста и интегритетот и принцип на работење кое секојдневно ги подобрува стандардите и условите за отворено, отчетно и транспарентно работење, како и да се има јасно определени развојни цели кон јавно и навремено информирање на граѓаните заради правото на партиципативно одлучување. 
Општина Делчево е дел од проектот на Фондацијата за развој на локалната заедница и Фондацијата Метаморфозис кои работат на следење на транспарентоста, но и на целокупното подобрување на транспарентноста на општината.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...