spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2021 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (11.7 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (10.1 %) и Информации и комуникации (10.1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2.1 %) и Други услужни дејности (2.0 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2021 година, изнесува 29 145 денари.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте