spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПехчево: Ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ во посета кај градоначалникот Китански

Пехчево: Ученици од ООУ „Ванчо Китанов“ во посета кај градоначалникот Китански

По повод претстојните новогодишни празници, дечињата од четврто одделение при ООУ  Ванчо Китанов, беа во посета кај градоначалникот Александар Китански. Во пријатна и весела атмосфера,  децата со новогодишна песна, кратки рецитали, состави ‘‘Ако станам градоначалник‘‘ и креативни новогодишни подароци, изработени од самите дечиња,  ја честитаа Новата Година.

Градоначалникот Китански, истакна дека општината е секогаш отворена за сите граѓани на општината, а најголемата радост за него се ваквите посети.

-Ме радува што општинската зграда е посетувана од страна на децата. Општината е достапна во секое време и сите можат да ја посетат кога сакаат, а посебно се радувам на ваквите посети на дечињата кои се нашата иднина, нашето најголемо богатство, оние на кои најмногу им се радуваме и ги сакаме. Упатувам порака до сите деца да се развиваат во позитивни личности и секогаш да бидат ведри, насмеани и послушни дечиња и што повеќе да го минуваат слободното време во дружење и спортување, рече Китански.

Дечињата му се заблагодарија на градоначалникот за средбата и му подарија книга со желби за поубаво Пехчево изработени од нивните вредни раце.

За време на приемот,  дечињата имаа можност накратко да се запознаат со работата на градоначалникот и општинската администрација.

 

 

 

Извор: Општина Пехчево 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...