spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕНеспособноста на Заев и Ковачевски ќе резултира и со поскапо парно

Неспособноста на Заев и Ковачевски ќе резултира и со поскапо парно

Неспособноста на Заев и Ковачевски ќе резултира и со поскапо парно.

Ненавременото снабдување со гас на земјава ги става корисниците на градското парно пред огромен ризик од покачени сметки.

Наместо власта да набави гас навреме и да се снабди државата во пресрет на грејната сезона, земјата само што влезе во зимскиот период со опасност од големо покачување на парното.

Ова доаѓа на само месец дена откако се најави поскапување на струјата, а државните ЕЛЕМ и МЕПСО плаќаат милиони за увоз и за пенали кон европскиот систем.

Владата не презема никакви активности во насока на обезбедување сигурно и навремено снабдување со енергенси, и затоа сега плаќа десеткратно поскапо со народни пари.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...