spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииПредлогот Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ треба да се...

Предлогот Јелена Жугиќ да биде во УО на МКЦ треба да се повлече, Арсовска да земе да работи нешто

Почитувани граѓани,

Речиси два месеци после изборот, градоначлничката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска покажува неспособност и носи одлуки кои се спротивни на интересите на граѓаните на Скопје.

СДСМ и граѓаните се противат на партизацијата и на последните скандалозни предлози на „независната“ Данела Арсовска за поставување лица на режимот на клучни позиции.

Предлогот Јелена Жугиќ да биде член на Управниот одбор на Младинскиот културен центар, култниот МКЦ треба да биде повлечен.

Актерката Јелена Жугиќ со години беше дел од режимот а најпозната е по скандалозното барање Шарената револуција да се спречи со гумени куршуми.

МКЦ не смее да се уништува со лица од режимот. Во оваа институција потребни се луѓе, професионалци со суштинско познавање на независната сцена и култура.

Ние сме на страна на граѓаните, ова е пример за очигледна и груба партизанија на институциите под надлежност на Град Скопје на којшто советниците од СДСМ се спротивставуваат.

Почитивани,

Наместо работа, реализација на капитални проекти, гледаме дека Арсовска единствено се зафаќа со прекинување на големи и важни проекти за скопјани, со партизација на јавните претпријатија во Скопје.

Арсовска вети дека во првите 82 дена од нејзиниот мандат ќе воведе бесплатен јавен превози и ова не само што не го исполни дури го откажува проектот и за БРТ.

Наместо да мисли како да ги смести кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да се зафати за работи за доброто на граѓаните на Скопје.

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...