spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Дезинфекција со озон во неколку градинки

Кисела Вода: Дезинфекција со озон во неколку градинки

Викендов се изврши дезинфекција со озон на неколку детски градинки на територија на општина Кисела Вода.

 

Како донација од специјализирана компанија која ги поседува сите потребни сертификати, со озон генератори се вршеше стерилизација на сите простории каде децата го минуваат најголемиот ден од денот.

Процесот има 600 пати подобро дејство од хлорот, односно целосно ги уништува бактериите, вирусите и мувлите кои се една од најчестите причини за алергиите, како и корона вирусот. После аероозонирањето, со специјални уреди се вршеше контрола на концентрацијата на озонот.

 

Дезинфекцијата со озон често се користи во медицински установи, во деловни објекти, во простори каде има поголема фреквенција на луѓе. Општина Кисела Вода ќе продолжи со вакви проекти кои значат подобрување на услoвите за престој во градинките и здравјето на децата.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...