spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Градоначалникот Таравари ја прими амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Гостивар: Градоначалникот Таравари ја прими амбасадорката на Црна Гора, Петровиќ

Градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари во својот кабинет ја прими амбасадорката на Црна Гора во Скопје – г. Марија Петровиќ.

„На нашата втора средба во рок од една година, заедно потврдивме дека Северна Македонија и Црна Гора имаат добро пријателство и соработка, почитувајќи ги истите вредности, а тоа се Европската Унија и НАТО. Со цел дополнително да го зајакнеме нашето пријателство, одлучивме општина Гостивар да се збратими со општина Улцињ, збратимување кое ќе донесе развој на туризмот, образованието и ЕУ фондови за двата града“, изјави Таравари по средбата.

Црногорската амбасадорка му го честиташе вториот мандат на градоначлникот Таравари и се интересираше за предизвиците во новиот мандат.

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Црна Гора имаат важна и конструктивна улога во унапредувањето на односите меѓу земјите од Западен Балкан, каде граѓаните покажуваат демократска зрелост. Заеднички заклучок беше дека двете земји треба да продолжат да одржуваат добри билатерални односи и со тоа да ја зајакнат економската соработка.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...