spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски му подари дрес на градоначалникот...

Кисела Вода: Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски му подари дрес на градоначалникот Ѓорѓиевски

Благодарница за афирмација на Општина Кисела Вода и развојот на спортот, денес од градоначалникот Ѓорѓиевски доби македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски.

Овој успешен спортист од Драчево, кариерата ја започна во фудбалскиот клуб “Цементарница” од Кисела Вода, а потоа го носеше напаѓачкиот дрес и во клубови во Хрватска, Белгија, во Италија и Шпанија, како и во Дански “Алборг”.

На средбата во Општина Кисела Вода, репрезентативецот Трајковски на градоначалникот Ѓорѓиевски му подари дрес од македонската репрезентација.

-Нашиот Александар е вистински пример како треба да се развива еден модерен и современ спортист. Неговиот пример и развој треба да го следат идните генерации фудбалери кои во иднина ќе го достигнат зенитот на нивната кариера. Од Кисела Вода преку Хрватска, Белгија, Италија и Шпанија, промовирајќи го цврстиот менталитет на вистински спортист, претставува пример за развој на млад спортист со успешна кариера. Головите во најсилните европски лиги и за македонската репрезентација, се показател за неговиот труд и желба за постојано напредување. Општина Кисела Вода му посакува успех во понатамошната кариера како напаѓач на данскиот Алборг, како и во баражот за светското првенство кое ќе се одржи во Катар идната година, против Италија во март-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по средбата со македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски во својот кабинет.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...