spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Градежна инспекција изврши увид на улицата „Питу Гули“ на Водно

Центар: Градежна инспекција изврши увид на улицата „Питу Гули“ на Водно

По реакциите на жителите од улицата „Питу Гули“ и околината, за наводен почеток на градежните работи на Водно, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, постапувајќи по допрен глас излезе на терен.

Од инспекцискиот надзор утврдено е дека инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ, поднел барање за издавање на дозвола за градење на 17.12.2020. Градежната дозвола му е издадена на 7.4.2021, а истата станала правосилна на 8.6.2021 година, потпишана од страна на поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

По извршениот увид од страна на овластен градежен инспектор, постапувајќи по Законот за инспекции, утврдено е дека инвеститорот, Маркеза ДООЕЛ не врши градежни дејствија, туку се работи за оградување на плацот, кој е во негова приватна сопственост.

Општина Центар ќе изврши консултации со засегнатите страни и дополнително ќе се разгледа проблемот и заедно со надлежните институции, Градот Скопје и во соработка со жителите ќе се бара решение за состојбата во овој дел од општината.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...