Република Северна Македонија во периодот јуни – септември 2021 година беше зафатена од повеќе шумски пожари. Со цел да се обезбедат сознанија за големината и штетата од овие пожари, Државниот завод за статистика во соработка со ЈП Национални шуми спроведе дополнително статистичко истражување за шумските пожари. Резултатите од ова истражување, дополнети со податоци од административни извори, се презентирани во ова соопштение.
ДЗС: Штети од шумските пожари (јуни – септември 2021 година)
Според тие податоци, во периодот јуни – септември 2021 година, имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11 420 ха површината под шума.
Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52.2 %, шумите од листопадни видови со 30.2 %, шумите од иглолисни видови со 10.1 %, додека приземната вегетација учествуваше со 7.4 %.
Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482 106 м3, а износот на проценетата материјална штета изнесува 2 318 091 000 денари.
Прочитајте и погледнете:
Извор: Државен завод за статистика
Прочитајте
МОН: Јаневска – 815 образовни асистенти неделава етапно влегуваат во основните...
Од денеска образовните асистенти влегуваат во училиштата и етапно до крајот на неделава сите 815 избрани на јавните конкурси ќе бидат ангажирани да им...