Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.
Како што посочи градоначалникот Георгиевски, со овие таблети ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а ние како локална самоуправа целиме кон модерно и современо образование за сите млади. Нашата главна цел е да ги подобриме просторните услови во училиштата, со што би се допринело за обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес.
Смарт таблетите ќе бидат распределени за потребите во централното основно училиште „Ристо Крле” како и во двете подрачни во населените места, Мралино и Бунарџик.
Извор: Општина Илинден