spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Договор за уредување на туристичка патека од манастирот Св. Ѓорѓи до...

Валандово: Договор за уредување на туристичка патека од манастирот Св. Ѓорѓи до Исар Кулата

Во Валандово се одржаа четвртата редовна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и конститутивната седница на Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион.

На седницата, беше потпишан договорот со ЈИПР за уредување на туристичка патека од манастирот Св. Ѓорѓи до Исар Кулата во Валандово.

Со овој проект, се предвидува:

? изградба на патека до Исар Кулата;
? поставување на клупи,
?монтирање на патокази;
? ново ЛЕД осветлување;
? телескоп за набљудување;

Развиваме нова туристичка зона во општината, создаваме нов простор за рекреација на валандовчани и поттикнуваме на нови навики во природата.

Исто така, Советот за развој на нашиот регион ја донесе Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година и го конституираше Советот за социјална заштита на Југоисточниот плански регион како ново тело преку кое ќе се развива и социјалната компонента во регионот.

Преку заедништво, градиме рамномерен развој и заедно планираме иднина. Продолжуваме да ги одредуваме регионалните приоритети, носиме колективни одлуки и обединети сме пред предизвиците.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...