spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Граѓански Буџет за 2022 година

Валандово: Граѓански Буџет за 2022 година

Заедно со граѓаните го изработивме Предлог Буџетот на Општина Валандово за 2022 година.

Секој граѓанин од нашата општина, сопствените предлози и идеи имаше можност да ги достави преку двете електронски алатки за комуникација:

? анкетен прашалник – https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdAKqHHTbDVLp…/viewform

? мЗаедница – https://mzaednica.mk/

? До општината беа испратени над 150 предлози и идеи, за реализација на општински проекти наредната година. Сите доставени предлози беа разгледани, а повеќето од нив добија и свое место во новиот Буџет.

Освен капитални инвестици, во Буџетот за наредната година предвидени се и инвестиции во социјалната заштита, родовата сензитивност, младинското организирање, граѓанските здруженија, спортот и културата.

? Нашата заедницата е отворена, непосредно комуницира и се движи напред.

Градиме доверба преку дијалог, се почитува сечиј став и заедно поставуваме нови демократски стандарди во Валандово.

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...