spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Формиран Совет за социјална заштита при Пелагониски плански регион

Битола: Формиран Совет за социјална заштита при Пелагониски плански регион

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион  ја одржа втората седница на која беше усвоен годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 година. На седницата беше усвоен и акцискиот план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2021-2026 во 2022 година.

Дел од денешната седница беше и конституирањето на Советот за социјална заштита на Пелагонискиот плански регион, во чиј состав влегуваат деветте градоначалници од Пелагонискиот регион и директорите на центрите за социјална работа од Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп и Ресен. За претседател на Советот за социјална заштита, избран е градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски.

Овој Совет е основан заради планирање и развој на мрежата на социјални услуги на регионот, а меѓудругото следи и обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, државните институции, здруженијата на граѓани, приватните даватели на социјални услуги кои дејствуваат во областа на социјалната заштита во планскиот регион, како и други работи поврзани со социјалната заштита во планскиот регион.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...