spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Промовирана книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“

Охрид: Промовирана книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“

Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

На Литургијата присуствуваа и Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид, како и Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид. По завршувањето на Литургијата, Епископот Партениј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

На настанот беше одбележан и јубилејот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, 40 години служба во Македонска Православна Црква.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...