spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииДанела Арсовска не предвидела ниту денар помош на скопјани за енергетската криза,...

Данела Арсовска не предвидела ниту денар помош на скопјани за енергетската криза, ниту за греење

Градоначалничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска постојано покажува дека е комплетно неспособна за функцијата што ја извршува.

Данела Арсовска за буџетот за 2022 година не предвиделе ни денар за справување со енергетската криза и за затоплувањето на скопјани, а нејзиниот одговор дека не можела да го врати времето назад е потценување на граѓаните.

Арсовска покажува елементарно непознавање на ингеренциите на градоначалникот и Советот на Град Скопје.

Откако за три пати го намали буџетот за животна средина, неколкукратно го намали буџетот за субвенционирање за набавка на инвертори, сега Арсовска бега од предизвиците поврзани со енергетската криза.

За се што е во интерес на граѓаните Арсовска се иззема и вели дека таа не е надлежна, очигледно смета дека нејзина единствена надлежност е да ја партизира градската администрација.

Ова е срамен и неодговорен однос на Арсовска кон скопјани, граѓаните и дадоа доверба да понесе одговорност и да ги решава проблемите а не секојдневно да бара оправдувања за нејзината неспособност.

 

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте